Досега ниту еден од околу 200 луѓе, со колку што била во контакт докторката од Скопје, не е заразен.

Поранешната директорка на скопската Клиника за дерматовенерологија е хоспитализирана, а сите луѓе кои биле ризични бидејќи била во контакт со нив се во изолација и иако помина половина од времето за можната инкубација, за среќа, досега никој не покажувал симптоми на коронавирус, објави Фактор.

Овој случај се сметаше дека е можно второ потенцијално жариште, освен подрачјето на Дебар.

Надлежните ја следат состојбата на изолираните кои биле во контакт со заразената докторка и директорка на Клиниката.