Директорите на регионалните здравствени инспекторати ја укинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Македонија.
Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице заразено со Ковид-19, се наведува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, пренесува БГНЕС.
За сите лица кои во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година влегле на територијата на Република Бугарија од Кралството Шведска, Велика Британија, Северна Ирска, Кралството Белгија, Република Ирска, Република Португалија, Кралството Шпанија , Република Малта и Италија, останува да важи мерката карантин.
Сите лица што влегуваат во Бугарија од овие земји, како и од сите трети земји, со исклучок на Србија и Македонија, ќе бидат ставени во карантин за период од 14 дена во домот или друго сместување каде што лицето ќе посочи дека ќе престојува, со налог издаден од директорот на релевантниот регионален здравствен инспекторат или службено лице овластено од него.