ФБ објава на директорката на УЈП, Лукаревска:

„После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Ковид 19 и резултатот беше позитивен.

Немам никави симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирсуот, но сите контакти кои ги имав во последните денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција.

Ќе ги следам насоките на епидемиолозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна согласно анкетата која треба да ми биде направена.

Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација.“