Дојави за бомби изутринава повторно биле испратени до неколку гимназии во Загреб, по што се спроведуваат нови евакуации на основни и средни училишта во западниот дел од градот.
Дојавите за поставени бомби биле испратени и на адреси на медиуми.
Хрватска минатата недела се соочи со серија лажни дојави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земјата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и градинки, како и некои трговски центри.
Загрепската полиција соопшти дека сите дојави во петокот за поставени бомби во училишта и детски градинки на подрачјето на Загреб биле лажни, откако биле извршени контрадиверзиски проверки во објектите.




