На електронска адреса на 16 училишта во Скопје и четири во Прилеп денеска е упатена закана за поставена експлозивна направа. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Во текот на вчерашниот ден беше испратена закана на приватни електронски адреси на 14 професори од гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, а по завршување на потребните проверки Министерството за внатрешни работи информираше дека е лажна дојавата за бомба.