Турција би можела да ја разгледа опцијата за набавка на руски борбени авиони „Су-57“ доколку американскиот Конгрес не одобри Анкара да купи повеќенаменски борбени авиони „Ф-16“ од американско производство.

Во написот објавен во денешнот издание на истанбулскиот весник „Милет“, инаку гласило блиско до турските власти, се наведува дека Анкара побарала од Вашингтон да дозволи продажба на 40 борбени авиони-ловци „Ф-16“  Блок 70, 80 и 90 комплети опрема за надградба на основната верзија на моделот „Ф-16“ какви што се веќе има во составот на турското воено воздухопловство.

Доколку барањето на биде одобрено, Анкара ќе бара алтернативни решенија, меѓу кои спаѓа и набавка на руските воени авиони Сухој поточно моделот „Су-57“.