Верувале или не, кората од компир може да ги отстрани седите влакна на вашата коса, вели д-р Ентони Јун.

Лекарот донесе модел со проседа коса и покажа како сето тоа функционира.

За почеток, тој објасни што ви е потребно за да го направите тоа. Овој начин на отстранување на сивите влакна е супер евтин – се што ви треба е кора од компири, малку вода и четка за нанесување на смесата.

Подготовка:

Пред да ја нанесете течноста од кората на компирот, измијте ја косата на стандарден начин, шампон и исушете ја.

Чаша кора од компир и две чаши вода ставите во тенџере и загрејте ги до вриење. Кога ќе проврие, намалете ја температурата и оставете полека да врие 5 минути. Тргнете ја смесата од огнот и изладеја, па процедете ја со цедилка.

Треба да добиете течност со кафеава боја. Добиената течност намачкајте ги на седите влакна со помош на четка, како на видеото. Можете да користите четка за боење коса или онаа за премачкување на тесто.

Ентони ве советува да направите поголема количина од оваа течност и да ставите во празно, измиено шише од шампон и да ја користите по секое миење, по шампонирање и плакнење.

Делува! Не е ни чудо со моќта на компирот да потемнува и да оксидира…

На видеото погледнете ја деталната процедура!