Од почетокот на рускиот напад на Украина во соседна Полска преминале 156 илјади украински бегалци. На границата се формирани долги колони, а на украинска страна од премините се чека и по 70 часа, соопшти денеска полската Гранична стража.
„Од избувнувањето на војната 156 илјади бегалци пристигнаа во Полска. Ги прифаќаме сите оние кои бегаат од војната. Украинската страна е подготвена да прими помош за оние кои чекаат да ја преминат границата“, изјави полскиот заменик-министер за внатрешни работи и администрација Блажеј Побожи.
Портпаролот на Локалната полска гранична стража, Дариуш Шиниецки, изјави дека Полска на сите гранични премини овозможила премин на граничната контрола и пешки, освен на преминот Дорохуск каде што се чека најдолго за влез во Полска.
Полско-украинската граница е долга 535 километри и има шест патни и шест железнички гранични премини. Најмало задржување на бегалците од Украина е на два премини каде за тоа се тие чекаат 20 односно 24 часа.