Ова е дел од сметка за струја која се споделува на социјалните мрежи пред се меѓу лица од албанска националност. Како што можете да видите, сметката е на сума од над 14 000 денари, но под неа е долгот од над два милиони денари кој не е платен кон ЕВН.

Иако ова е самао дел до сметката, таа очигледно му припаѓа на некому кому ЕВН не смее да му ја исклучи струјата, а коментарите се дека „кадрите на ДУИ и Северна“ не плаќаат струја. Што, според овој пример, навистина е така.