Властите во Појасот Газа соопштија дека бројот на загинати во палестинската енклава од 7 октомври е веќе 14.854, а повредени се околу 36.000, јави ДПА.

Најголем дел од жртвите се деца, млади и жени. Податоците, како што наведува агенцијата, не можат да бидат потврдени од независен извор.

Повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои околу 850 цивили, беа убиени во нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Над 200 луѓе, меѓу кои и странци, беа земени како заложници и однесени во Појасот Газа.

Фото: Архива МИА