Поради брзото ширење на коронавирусот од вечерва цела Италија е таканаречено „заштитено подрачје” и движењето на луѓето ќе биде строго ограничено, јави дописникот на МИА.

Секој оној што ќе сака да се движи ќе треба да има добра причина за тоа. Ова на специјална прес-конференција го објави премиерот Џузепе Конте.

– Немаме повеќе време. Потребни се радикални и тешки мерки, изјави Конта пред новинарите.

Во Италија моментално има 7.985 заразени лица, а 462 лица починаа поради коронавирусот. Само денеска се потврдени 1592 нови случаеви на заразени со Ковид-19.

Нашиот Александар Михајловски, пак сведочи:

„Цела Италија од утре сабајле е блокирана, под карантин, со рестриктивни мерки на движење. Со 5% смртност е пред Кина со 3,9% смртност од заболените. По улиците низ Рим вечерва можат да се видат само карабиниерите со автомати во рацете и маски на лицата. Малце е језиво! И по малку апокалиптично!“