Полскиот суд нареди поранешниот министер Мариуш Камински, кој моментално штрајкува со глад, да биде принудно нахранет во затворот, соопшти полскиот претседател Анджеј Дуда.
„Од сопругата на Камински добив информација дека е издадена судска наредба за присилно хранење, бидејќи неговата состојба почна да го загрозува неговиот живот и здравје“, изјави Дуда за новинарите во Давос.
Фото: МИА архива