Судијата Луиз Каплан се закани дека ќе го исфрли поранешниот претседател Доналд Трамп од судницата за време на рочиште од случајот на писателката Елизабет Џин Керол, која го обвини политичарот за силување и клевета, јави денеска Си-Ен-Ен.

Судијата го замоли Трамп да не го нарушува утврдениот ред по уште еден приговор на адвокатот на Керол. Нејзиниот правен тим посочи дека за време на настапите на писателката, Трамп ги коментирал нејзнините зборови дека тоа е „лов на вештерки“ и “измама“.

-Господинот Трамп има право да присуствува на судењето. Но тоа право може да го изгуби ако (Трамп) продолжи да ја попречува постапката, за што ме информираа, и ако тој ги игнорира наредбите на судот, рекол судијата Каплан.

– Веројатно едвај чекате да го сторам тоа, му се обрати судијата на Трамп, на што тој одговори: Би го сакал тоа. Судијата одговорил: „Знам дека би сакал. Очигледно не можете да се контролирате во овие ситуации“.

Трамп втор ден по ред лично присуствува на судењето во федералниот суд на Менхетен каде се одвиваат сослушувањата по случајот на Керол.

Денеска Трамп сепак нема да дојде на закажаното заседание бидејќи оди на погреб на неговата свекрва.