Тајван регистрирал 24 кинески воени авиони околу островот во рок од 24 часа, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

Единаесет авиони ја преминале неофицијалната демаркациона линија меѓу Кина и Тајван.

Покрај авионите, во последните 24 часа, до денеска во 6 часот по локално време, регистрирани се и пет кинески бродови соопшти Министерството.

Ова е најголемата демонстрација на сила во Пекинг околу островот од претседателските избори во Тајван во саботата, пренесува Бета.

Кина го смета Тајван за своја територија.