Првиот вицепремер во Владата и висок функционер во ДУИ, Артан Груби денеска изјави дека повторувањето на слуајот Монструм кој не ткри ништо ново, а самата ФЕтаи призна дека во снимките, исто така, немало ништо сериозно, е на барање на ДУИ.

– Не ги коментираме судските одлуки. Прашањето беше дали е вмешана политиката во овој случај. Единствен момент каде што ние како политичка партија бевме вмешани во овој случај беше во барањето да се повтори судењето, поради недовербата на целата јавност во одлуката на Судот претходно. Тоа го постигнавме. Отука па натаму е работа на Обвинителството, на судството, на одбраната во судска постапка да ги докажат своите аргументи, рече Груби на прес-конференција.