На Самитот на НАТО во Турција, С. Македонија се претставува со делегација без ниту еден претставник Албанец, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го преенсува интегрално.

Ова е одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор.

С. Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура изградена врз еднаквост, соодветна застапеност и Охридскиот рамковен договор.

Државните делегации треба да ја одразуваат реалноста на државата, а не да ја избришат.

Исклучувањето на Албанците од највисокото меѓународно претставување испраќа погрешна порака до граѓаните, до сојузниците и до самиот карактер на државата.

Државата не е соодветно претставена кога половина од нејзината реалност е оставена надвор.

ДУИ