Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска повторно го „впери прстот“ кон римокатоличките бискупи нагласувајќи дека се бескорисни и поради тоа треба да бидат убиени.

Дутерте ја криткуваше Католичката црква на Филипини, но тврди дека верува во Бога, но и дека бискупите се будали.

– Не би успеал во животот без Господ. Но, вашите бискупи, убијте ги. Бескорисни се, тоа се будали. Знаат само да критикуваат, рече Дутерте.

Филипинскиот претседател додаде дека неговиот Бог има „здрав разум“ во однос на „глупавниот“ Бог на католичките бискупи.

– Никогаш не сум рекол дека сум атеист, објасни Дутерте. – Да бидеш претседател е дар од Господ.

Дутерте (73) ги критикуваше бискупите и свештениците заради корупција и сексуално злоставување и вели дека и самиот бил жртва додека бил ученик во градот Давао.