Два нови случаи за напади од кучиња скитници се пријавени вчера во Скопје.

Речиси нема ден, а во полицискиот билтен да нема регистрирани напади од кучиња, како во Скопје, така и во останатите градови во Македонија.

Во Полициската станица Центар, вчера Н.Д. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11:30 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Вчера во 8:30 часот во Полициската станица Аеродром, Н.А.(58) од Скопје пријавил дека на 1-ви април околу 13 часот на булевар „12-та Македонска Бригада“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Според законските прописи за секој напад од кучиња скитници во Скопје, доколку покренат постапка, Град Скопје е должен да им исплати сооодветна отштета.