Српската полиција информираше дека во атарот на селото Добринци кај градот Рума во Војводина пронашла две беживотни тела на возрасни мажи.

Според полицијата, станува збор за мигранти, на кои со оружје им се нанесени рани.

Полицијата и обвинителството работат на расветлување на овој случај.