Грчката крајбрежна стража соопшти дека е во тек  операција за потрага по брод, за кој се верува дека превезува околу 50 мигранти, а кој упатил повик за помош источно од грчкиот остров Самос.

Крајбрежната стража наведе дека еден хеликоптер и шест бродови, заедно со патролен чамец и бродови на Фронтекс трагаат по бродот.

Потрагата била зајакната откако властите добиле повик од еден од патниците на бродот, кој рекол дека бродот наишол на неодреден проблем.