Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје попладнево делумно го прифати предлогот на Обвинителството и на првоосомничениот за малверзации со тендерите за изработка на фасадата на владината зграда, му определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на второосомничениот му определи мерка куќен притвор, соопшти вечерва Обвинителството.

Предметниот обвинител за останатите двајца осомничени до судијата на претходна постапка достави предлог на мерки за обезбедување присуство за кои судот ќе одлучува во редовна постапка.

Воедно, судијата го усвои Барањето за донесување на привремена мерка забрана на отуѓување и располагање со недвижен имот и го прифати Предлогот за издавање на решение за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции со предлог за привремено одземање на имот, велат од Обвинителството.