Најмалку две деца загинаа, четворица се исчезнати, а 12 спасени, според првичните информации, откако се преврти чамец со бегалци и мигранти северно од островот Инусес, што се наоѓа меѓу грчкиот остров Хиос и турското крајбрежје, jави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од морето биле извлечени безживотните тела на четиригодишно дете и бебе, а спасени се пет мажи, три жени, три мали деца до шест години и едно 12-годишно дете.

Во чамецот имало 18 лица, а во тек е спасувачка акција за пронаоѓање на исчезнатите бегалци и мигранти, во која учествуваат бродови на грчката крајбрежна служба, брод и авион на Фронтекс и хеликоптер на грчката воена морнарица.