Вчера две пријави на каснување на куче во Скопје. Во 16.15 часот во Полициската станица Центар, А.О.(32) од Скопје пријавила дека на плоштад „Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

На 13.06.2019 година во 21:00 часот во Полициската станица Аеродром, Т.З.(43) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник на десната потколеница.