Полициски службеници вчера откриле 40 мигранти при контрола на товарно моторно возило на регионалниот пат Штип – Радовиш, на место викано „Шести километар“.

Како што информира МВР, полициски службеници вчера околу 14:30 часот запреле товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(46) од село Петровец, скопско. При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти (26 од Пакистан, 10 од Сирија и четири од Египет), од кои 12 се малолетници.

З.П. бил приведен и задржан во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.