Вчера во 10 часот и 30 минути на улица „Широк сокак” во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни лица да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола.

По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.