Крстот од Водици што беше изгубен во Пробиштип, конечно е пронајден во базенот на Аква паркот.

За Водици на 19 минатиот месец, откако свештеникот го фрлил крстот, по 40 минути момчињата кои скокнаа во водата не го најдоа. По упорната и долга потрага свештеникот фрли друг крст по кој скокнале двајца и еден од нив брзо го пронајде.

Денеска пак од Аква паркот Пробиштип на Фејсбук објавија дека конечно е пронајден и првиот крст.

– Eве го, кој вика дека го нема, напишаа од Аква паркот на нивната Фејсбук страница.