Во Србија веќе се вакцинирани над 4 милиони граѓани против корона вирусот или точно 4.013.265 лица, а двете дози ги примиле 1 741 148 Срби, објави Б92.

Македонија во избирачкиот список има 1,8 милион полнолетни лица, меѓу нив и многу кои не се во земјава, па излегува дека Србија досега вакцинирала со две дози толку лица колку што во Македонија се претпоставува дека севкупно живеат, заедно со помладите од 18 години, а една доза примиле двојно повеќе лица од бројот на жители на нашата држава.

Инаку, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 705 позитивни лица од 11 613 тестови што е повеќе отколку кај нас каде имаме 2,6 отсто позитивни од тестираните.

Во последните 24 часа, кај нас се регистрирани 13 починати, а во Србија 18.