Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на православната вероисповед по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, посакувајќи добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина, меѓусебна почит, разбирање и хармонија.

-Нека овој голем ден кој е во чест на Успението на Пресвета Богородица биде денот во кој што ќе најдеме сите човечка сила за взаемно разбирање, во исто време ќе почувствуваме благодарност и почит кон благословите што се излеваат врз луѓето на овој празник. Да се надминеме себеси со тоа што ќе се погрижиме сите да бидеме на исправниот пат, осветлувајќи го и отворајќи го и нашиот ум и нашето срце, затоа што само тогаш ќе знаеме како да го цениме и да го живееме животот како дар во кој царува љубов, радост и взаемна почит. Тогаш ќе можеме да почувствуваме колкава е моќта на животот врз смртта и колку малку треба за да имаме мир и спокој во душата и во државата. Искрени честитки до сите Вас почитувани граѓани, со желба да најдеме сите во себе доволно доблест за правење на добри дела, за негување на позитивни вредности и споделувањето на најдоброто од нас овој и секој друг ден. Ви посакувам убаво поминат празник!, наведува Џафери во честитката.