Оваа функција ми претставува особена чест, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, во видео порака откако ја доби довербата во неговата поратија ДУИ да биде технички премиер на Република Македонија 100 дена пред изборите, од 28 јануари до 8 мај.

-Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должна почит и одговорност ќе биде спроведена од моја страна, како одговор на поддршката од партиските органи и граѓаните, порачува Џафери.

Изборот на технички премиер од редовите на ДУИ беше дел од коалицискиот договор меѓу екс премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети, по изборите во 2020 година.

На тие избори ДУИ водеше предизборна кампања повикувајќи ги граѓаните да го изберат првиот премиер Албанец.

ДУИ донесе одлука Фатмир Бесими да го предводи партискиот изборн штаб.

Лидерот на ДУИ, Ахмети е овластен да ги продолжи разговорите со политичките партии за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.

Сегашниот премиер Димитар Ковачевски најави дека ќе си поднесе оставка и од 28 јануари идната година нема да биде премиер. Останува отворено прашањето кој ќе го наследи Џафери на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија.