Претседателот на Собранието, Талат Џафери викендов гостуваше во „Којшија Шоу“ на косовската RTV21.

На половина на емисијата, на Џафери му се придружи народниот пејач Азис Морина, кој на Џафери му подари врамена карта на Голема Албанија (погледнете 34:00 на видеото).

-Благодарам многу. Се надевам дека ќе ја постигнеме нашата цел – да се обединиме духовно, да бидеме заедно таму каде што сме тргнале, во голема обединета Европа, рече дипломатски Џафери, кој се обиде да се извади.

Картата беше поставена на централно место пред камерите, на масата пред Џафери, каде што остана до крајот на емисијата.