Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, уште еднаш изрази уверување дека администрацијата предводена од СИРИЗА ќе обезбеди 151 глас, колку што е потребно за да се ратификува договорот за името од Преспа потпишан помеѓу Атина и Скопје.

Зборувајќи за радиото 24/7, Ѕанакопулос ги демантираше шпекулациите и сценаријата дека протоколот за членство на Македонија во НАТО би се ратификувал по изборите во Грција, коментирајќи дека тие информации немаат никаква врска со реалноста.

Во однос на најавите дека Нова демократија ќе поднесе предлог за гласање недоверба на Владата, Ѕанакопулос изјави дека таквата иницијатива е добредојдена, прекесуваат грчките медиуми.