Џенифер Лопез заблеска на доделувањето на KФДА- наградите во Музејот во Бруклин, а главна почест и припадна токму на неа.

Специјалната награда „Модна икона” и беше доделена на пејачката, актерката и продуцентката, која додека држеше говор се расплака на сцената.

„Реков дека нема да плачам, но морам … Во изминатата година загубивме двајца големи уметници, Кевин Окоан и Орибе Каналис, кои ме претворија од обична девојка во ѕвезда”, рече таа.

„Ја започнав мојата кариера во ера на слаби, и дел од успехот го должам на прекрасните дизајнери кои ги прифатија моите облини. Им благодарам на сите”, рече таа.