Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја коментираше веста дека Американецот Вили Џозеф Кансел бил убиен во Украина додека се борел на страната на украинските сили против руските.
– Многу е тажно. Тој остави мало бебе зад себе, изјави Бајден за новинарите во Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки претходно му изрази сочувство на семејството Кансел, додавајќи дека американската влада официјално не ја потврдила смртта на Вили Џозеф и ги предупреди Американците да не патуваат во Украина „поради која било причина“.
Канцел бил убиен во понеделникот додека се борел заедно со украинските војници, потврдиле членовите на неговото семејство за Си-Ен-Ен.
Поранешниот маринец (22) Канцел работел во приватна воена компанија, која го испратила во Украина. Неговата мајка Ребека Кабрера потврдила за Си-Ен-Ен дека добил плата за да учествува во борбите.
Имено, кога избувнала војната во Украина, компанијата барала доброволци подготвени да се борат во Украина, а Канцел се согласил да замине, изјавила Кабрера.