Актерот Џони Деп во Кан изјави дека повеќе не му треба Холивуд. Лани од Деп беше побарано да се повлече од филмовите поради обвинувањата за наводно злоставување на неговата поранешна сопруга. Тој сега изјави дека не е заинтересиран повеќе да се врати во студиски проекти откако беше бојкотиран од Холивуд.
Деп се појави на Канскиот филмски фестивал на премиерата на неговиот прв филм по три години, „Jeanne di Bari“, во кој го игра кралот Луј XV, објави АП.
Ова е првиот филм на Деп по правната битка со поранешната сопруга Амбер Херд за кој на премиерата во Кан публиката го поздрави со 7 минутен аплауз.
За потсетување, по судењето, кариерата на Џони Деп беше неизвесна, а неговиот повратнички филм предизвика бројни контроверзии. Деп во филмот го го игра ликот на францускиот крал Луј XV кој се заљубува во проститутка.
Директорот на фестивалот Тјери Фремо ја бранеше својата контроверзна одлука да го отвори фестивалот со филмот на Деп, повикувајќи се на слободата на избор.
„Во својот живот имам само едно правило: тоа е слобода на мислење и слобода на говор, и делување во законски рамки. Доколку на Џони Деп му беше забрането да глуми во филмот или филмот да беше забранет, немаше да бидеме тука и да разговараме за тоа“, изјави Фремо.