Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 5.0 отсто и изнесува 5.597 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување за 9,1 отсто бележи и бројот на умрените лица и изнесува 5.405, а од нив 48 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 192, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во последниот квартал лани биле склучени 3.261 брак, што е за 6.4 проценти повеќе од истиот период во 2017.

Во октомври, ноември и декември минатата година се разведени 442 брака.