Трошоците на живот во април во однос на март годинава се зголемени за 0,8 проценти, а споредено со април лани за 1,9 проценти. За 1,2 проценти, пак, има пораст кај цените на мало во април во однос на март годинава, кои пак споредено со април минатата година се зголемени за 1,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во април 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 5,1 процент, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 2,3 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,8 проценти, лебот и житата, другите пекарски производи за 0,5 проценти, алкохолните пијалаци за 0,3 проценти и маслото и маснотиите за 0,2 процента.

Статистиката евидентирала пораст на трошоци на живот и кај авионскиот превоз на патници за 23,5 проценти, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 5,1 процент, гасот за домаќинствата за 2,6 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2,1 процент. За 1,5 проценти се зголемени трошоците на живот кај течните горива за домаќинстват, како кај обувките, туристичките пакет аранжмани за 1,7 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата, средствата за чистење и одржување на станот за 0,8 проценти, автомобилите за 0,6 проценти, големите електрични апарати за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0,4 проценти, велосипедите, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,3 проценти и текстилот за домаќинствата за 0,2 процента.

Намалување на трошоците на животот во април годинава, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите прехранбени производи за 0,9 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 0,5 проценти, другите преработки од месо, рибата и морските плодови за 0,4 проценти и млекото за 0,2 проценти.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај книгите за еден процент, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0,8 проценти, теписите и другите покривки за под за 0,6 проценти, информатичката опрема за 0,5 проценти, одржувањето и поправката на сопствени сообраќајни средства, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,4 проценти, другите медицински производи за 0,3 проценти, градините, растенијата и цвеќињата, другите лични предмети за 0,2 проценти.