Иако филмот „Убава жена“ беше снимен во 1990-тите години, на многумина се уште им е еден од омилените, но можеби тоа немаше да биде така ако завршеше како што првично планираа авторите.

Пред да стане романтичен љубовен филм, кој Џулија Робертс ја вивна меѓу ѕвездите, сценариото првично беше наречено „3000″, а за омилената хероина, Вивијан требаше да заврши ни малку среќно.

„Тоа беше многу мрачен филм, а крај беше многу тежок”, вели актерката Патриша Аркет, која исто така била на аудицијата за филмот.

Тоа го потврди и Џулија Робертс.

„Ако добро се сеќавам, последната сцена требаше да биде таква што тој ја исфрла Вивиан од автомобилот, фрла пари врз неа и ја остава во валкана улица”, изјави Џулија.

Иако добива улога во „3000″, таа признава дека во таа верзија на филмот никогаш не би сакала да игра.

„Не можев да го сторам тогаш тоа, а не би можела и сега. Фала му на Бога што пропадна”, вели Џулија.

За нејзина среќа, сценариото го презема Дизни, кој го измени крајот и овозможи оваа приказна да заврши среќно за нејзиниот лик, а сè друго е историја.