Еден починат, 137 позитивни од 1414 тестови или 9,6 отсто

/ 23.08.2020

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-19, Штип-8, Тетово-4, Струга-2, Велес-6, Битола-7, Гостивар-10, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Берово-2, Делчево-5, Свети Николе-6, Кичево-3, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од: Скопје-22, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-11, Битола-2, Охрид-9, Гостивар-5, Демир Хисар-3, Виница-1.

Во болнички услови почин 63 годишен пациент од Дебар.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595, бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921.

Направените 1414 теста се преку: ИЈЗ-686, ЦЈЗ Скопје-3, Авицена-289, Биотек-115, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -148, лабораторија Лаор –76 , Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-79, Инфективна клиника-5, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 68 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.


Од истата категорија