Република Македонија ќе ја добие една од најкриминалните влади и со најкриминални кадри, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој додаде дека под нејзино влијание на власта Регулаторната комисија за енергетика ја поскапе струјата.

– Би имал само да додадам дека се работи за ненародна, криминална влада со транзициски кадри којашто секако не ја добива довербата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи е една од најкриминалните влади со најкриминалните кадри, истрошени транзициони кадри коишто ги има Република Македонија. Но, за начинот на дента на гласање ќе бидете дополнително известени, рече Арсовски.

Тој го повтори ставот во однос на барањата на поранешни и сегашни партиски и јавни функционери за оставка на партискиот лидер Христијан Мицкоски:

Во однос на тоа прашање, за барањето на оставка од поранешни функционери кои што одлучиле да слугуваат на Зоран Заев, наместо да се борат против неговиот криминал, не би имале што повеќе да додадеме и веќе неколку пати го имаме кажано нашиот став. Претседателот на партијата, господинот Мицкоски, е тука со секојдневните свои тековни обврски, рече Арсовски.