Самитот на лидерите на седумте најразвиени индустрии во светот (Г7) одржан во канадската провинција Квебек почна со кавги, а и заврши со кавги и неслога.
Вообичаненото завршно соопштение овој пат го нема зашто амрикансиот претседател Доналд Трамп, му наредил на својот тим да не става потпис на него.
Трамп порано си ги спакува куферите и замина за Сингапур каде денес има поважен состанок – средба со претседателот на Народна Република Кореја, Ким Јонг-ун.
Главната порака која американскиот претседател им ја прати на претставниците од Г7 е дека САД нема повеќе да бидат касичката прасенце, па кога на другите ќе им текне од неа ќе земаат пари. Така, царините кои Трамп ги наметна за челикот и алуминиумот останаа, како и повлекувањето од Договорот за климата и од нуклеарниот договор со Иран.
Заклучокот е дека меѓународнте односи драстично се менуваат, а како што рече Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, за тоа е виновен само еден човек – Трамп.