Медицинската сестра од САД, Кети Никсон, за четири дена сработила четири смени односно вкупно 53 часа. Нејзината сестра Лора по сѐ тоа, ја фотографирала и ја објави сликата на Фејсбук.

На фотографијата, Кети е исцрпена до максимум и плаче.

– Таа тука штотуку ја заврши четвртата смена во низа за четири дена. Тоа се над 53 часа, невклучувајќи ги 1,5 часа возење секој ден… Ќе ме убие поради сликава, ама ајде сите да одвоиме минута во чест на медицинските сестри, вели Лора во својот опис на фотографијата.

Таа истакнува дека работата на болничарите е исклучително значајна, но и сурово тешка, а сликата го олицетворува сѐ она низ што тие минуваат.

– Кети (и сите медицински сестри)… Посебни сте! Вие сте благослов за вашите пациенти и за нивните семејства, нагласи Лора на крајот од пораката.