Народна банка почна со објавување на серијал кратки едукативни текстови „Економија за секого“ наменети за сите сегменти од популацијата.

– Преку овие текстови, на едноставен јазик, ќе се обидеме да објасниме одредени поими или појави од областа на макроекономијата, финансиите и банкарството. Се надеваме дека преку серијалот ќе го доближиме нашето работење до јавноста и ќе придонесеме за подобро разбирање на повеќе економски прашања коишто имаат одраз во секојдневното живеење, а се директно или индиректно поврзани со централнобанкарското работење, велат од Народната банка. 

Првиот текст од серијалот веќе е објавен на веб страницата на Народната банка и е достапен на http://nbrm.mk/ns-newsarticle-sto-raboti-centralnata-banka-i-sto-znaci-toa-za-vasiot-sekojdneven-zivot.nspx.

Со овој серијал, како што информираат од Народната банка, се вбројуваат во редот на централнобанкарските институции со слични вакви активности како дел од напорите за поголема едукација на населението.