Екипите на Пелистер и Бутел по денешната ждрепка во Виена ги дознаа своите можни противници во второто коло од ЕХФ Купот.

Бутел за противник ќе го има победникот од дуелот од првото коло меѓу Запорожје и Лондон, додека Пелистер ќе игра со победникот од дуелот Беса и Винтертур.

Првите дуели се играат на 6 или 7 октомври, додека реваншите се недела подоцна.

Северна Македонија има и трет претставник во второто по квалитет натпреварување во Европа, но Металург започнува од третото коло и противникот ќе биде познат 15 октомври.