Додека сите очекуваат да се случи фамозниот телфонски разговор меѓу премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, „Екатимерини“ анализира кои се пречките за во иднина и доколку тие потпишат договор.

Скопе очекува дека ќе му се отворат вратите во НАТО и во ЕУ, но времето поминува, самитот на алијансата се ближи, а договор се уште нема, констатира весникот.

Како еден од проблемите е што Франција, Холандија, Луксембург, и Данска, а наскоро заради кризата во ЕУ најверојатно и многу повеќе земји ќе бидат кои се против проширувањето, односно и за членството на Македонија во Унијата.

Од друга страна Заев го очекува противење и на домашен фронт.

И во Грција постои силна опозиција и противење сега да се постигне договор. Во соопштение Нова демократија ја обвинува владејачката Сириза дека сите што се борат за националните интереси се означени дека се со ултрадесничарска идеологија. Партијата повторно соопшти дека е против секаква употреба на терминот „македонски“ за јазикот и националноста, како и тоа дека секоја промена на името мора да биде преточена во македонскиот устав.

„Нашето предупредување до Ципрас е јасно. Тој нема политички легитимитет да ја обврзе нашата земја кон меѓународен договор кој ќе биде штетен за нашите националани интереси“, вели НД.

И покрај ваквата состојба, сепак западни земји, пред се САД и Германија, вршат притисок и ги охрабруваат Атина и Скопје да постигнат договор, констатира „Екатимерини“.