Манипулација, произволно толкување на законите и кривично дело. Ова се оценките на невалдините организации и активисти за постапките на министерството за економија и официјалните информации и изјави на министерот Крешник Бектеши околу спојувањето на концесиите за „Иловица“ но и повторното давање на рок од четири години за завршување на процедурадата и доставување на барање за ископ за минерални суровини, севели во прилогот на Телма.

Според невладината организација „Здрава Котлина“, роковите за добивање на дозволи за двете концесии се одамна истечени а економија и министерот Бектеши ја манипулираат јавноста и го толкуваат Законот за минерални суровини како што им одговара.

Тие апелираат до Владата да ја искористи можноста која ја има на располагање и да ја укине одлуката за спојување на двете концесии а во споритивно ќе се соочи со протести, туижби и незадоволство кај локалното население.

Останува нејасно што ќе содржи анексот на договорот за концесија со „Еуромакс“ кој економија најави дека Владата ќе го потпише по спојувањето на концесиите и како ќе влијае врз натамошниот тек на настаните.

Спојување на концесиите и одобрување на елаборатот за влијание врз животна средина во рок од две години од потпишувањето на договорот биле условите кои на „Еуромакс“ ги посави „НД Груп“ чиј сопственик е Назиф Дестани сопственик и на тетовската „Еколог“. „НД Груп“ чиј основач е Назиф Дестани, сопственик и на тетовската „Еколог“, во своето портфолио нема никакво искуство во областа на рудатство и ископ на минерални суровини.

Интересно е и што во барањето за спојување на на коцесиите стои дека „Еуромакс“ сака да го заложи државното земјиште од втората концесија кај истиот доверител „Ројал Голд“, каде што е заложена првата коцесија, за да може да обезбеди пари за ископ и екстракција на злато.

Во вторник на седницата на Владата минисетрот за економија треба да реферира и да ја достави комплетната документација за „Иловица“ пред премиерот Ковачевски и членовите на Кабинетот околу предлогот за спојување на концесиите кој веќе Владата го одобри на 27 јуни.
Министерот Бектеши соопшти дека сите документи веќе се доставени и тоа на 26 јуни и дека единбствено дополнително ќе презентира хронолошки приказ на сите дозволи и барања кои се поднесени, одборени и одбиени во од 2006 година па досега.

Тој останува на ставот дека спојување на концесиите мора да има додека премиерот Ковачевски и министерите од СДСМ се на ставот дека рудник нема да има.