Македонската ексминистерка Нина Ангеловска денеска си ги одмери и своите маратонски способности на трката во Белград.
– Белградски полумаратон. За мене најтежок досега. Трка синоним за животот – успехот и задоволстото не доаѓа лесно – многу напорна работа, пот, ups and downs, поддршка, бодрење…- објави Ангеловска на својот профил на Фејсбук.
Ангеловска ќе остане запаметена како министерка за финансии, со краток рок на министерување во Владата на бившиот премиер Зоран Заев, која успеа својата заштеда на време да ја подигне од пропадната Еуростандард банка.
Видеото од полумаратонот на Ангеловска може да го погледнете ТУКА.