Машката јуниорска репрезентација наМакедонија на Европското првенство за кошаркари до 18 години го доживеа првиот пораз по девет дена откако започна натпреварувањето во Романија.

Нашите јуниорски репрезентативци минаа низ групната фаза без пораз, а потоа ја поразија и Естонија во рамки на четвртфиналето, но во полуфиналниот натпревар против Израел го запишаа првиот пораз со 66-78.

Согласно системот за натпреварување, првите три пласирани репрезентации идното лето ќе настапуваат во најдобрите шеснаесет во Европа. Па така, нашите јуниори денес против Чешка (17:30) ќе имаат шанса за пласман во А дивизија во натпреварот за трето место.