Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во одговор до американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе бидат спасени уште повеќе животи кога ќе се победи тероризмот, јави агенцијата Анадолија.
– Господине претседателе, ќе бидат спасени повеќе животи кога ќе го победиме тероризмот, најголемиот непријател на човештвото, напиша Ердоган на Твитер, додавајќи дека напорите кои ги преземаат САД и Турција ќе придонесат за мирот во регионот.
– Сигурен сум дека нашите заеднички напори ќе придонесат кон мирот и стабилноста во нашиот регион, наведе турскиот претседател.
Како што потсетува Анадолија, Трамп претходно на Твитер напиша: „Имаме убави вести од Турција, ќе бидат спасени милиони животи”.