Маж за кој се верува дека е шеф на Исламска држава е „неутрализиран“ во Сирија во операција предводена од турските разузнавачи, изјави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Операцијата беше спроведена завчера. „Наводниот шеф на ДАЕШ (кратенка за ИД) наречен Абу Хусеин ал Кураши беше неутрализиран во операција вчера предводена од МИТ (турската тајна служба) во Сирија“, изјави синоќа Ердоган во телевизиско интервју.

Според западни и ирачки разузнавачки служби, Абу ал Хасан ал Хашеми ал Кураши бил брат на поранешниот лидер на организацијата Ал Багдади, убиен во Сирија во 2019 година.