Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини САД и Велика Британија дека користат непропорционална сила во нападите врз цели на бунтовниците Хути во Јемен и се обидуваат да го претворат Црвеното Море во „море од крв“, пренесуваат турските медиуми.
„Тие употребија непропорционална сила и се обидуваат да го претворат Црвеното Море во море од крв. Израел го прави истото во Палестина. Добиваме вести преку многу канали. Од различни канали дознаваме дека Хутите успешно реагираат, рече турскиот претседател, цитиран од НТВ.
Посочи дека се надева дека Израел ќе биде осуден од Меѓународниот суд на ОН за воените злосторства извршени во Појасот Газа, јави државната телевизија ТРТ-Хабер.
„Веруваме во правдата на судот во Хаг, таму ќе му се суди на Израел. На премиерот Бенјамин Нетанјаху не му остануваат аргументи за да ја избегне одговорноста“, рече Ердоган.
Фото: МИА архива